Притворен сопственикот на порталот Охридскај

Како што информираат од полицијата, против него е поднесена кривична пријава поради сомнение за сторено дело „Загрозување на сигурноста“.

„Пријавениот, на 17-ти овој месец преку возач вработен во локалната самоуправа, упатил сериозни заканувачки и навредливи зборови кон актуелниот градоначалник на Охрид Никола Бакрачески. Заканите ги упатил откако на мобилен телефон му се јавил на вработен возач во локалната самоуправа при што од него добил одговор дека со заканите ќе го запознае градоначалникот. На тоа С.Д. потенцирал дека тоа треба да му биде најбрзо пренесено на градоначалникот. Следниот ден, пред зградата на општина Охрид пријавениот С.Д. го пресретнал возачот во локалната самоуправа и притоа го прашал дали на градоначалникот му ги пренел информациите. На тоа тој добил потврден одговор“ информираат од СВР Охрид.

Извор Либертас

Leave a Reply

Your email address will not be published.