“Фрчат” притисоци и закани кон кавадаречките просветни работници

Членови од владејачката партија од Кавадарци, кои се “исполегнати” на повисоките раководни функции преку телефонски закани и притисоци им испраќале повеќе од јасни пораки на вработените во образованието да внимаваат како се однесуваат во однос на денешниот протест. Во контекс на опструкција на протестот, во последен момент им откажал и автобускиот превоз кој требало да ги однесе денеска до Скопје. Причините засега се непознати. Дел од штрајкувачите алудираат дека тоа е само дел од “црното” сценарио на власта. Експресно е најден друг превозник од Кавадарци и протестот продолжува по предвиденото.

Самостојниот синдикат за образование, наука и култура денес на протестот пред министерството за образование ќе достави листа од десет барања кои надлежните треба да ги исполнат а им се ветени веќе од поодамна.Една од клучните точки е повисоки плати во предучилишното, основното и средното образование.Исто така бараат да се измени и моделот на екстерното тестирање како и да се склучуваат колективни договори во високото образование.

Во прилог може да ги видите барањата:

Leave a Reply

Your email address will not be published.