Притисок и закани кон работници на „Македонски шуми“, подружница Кавадарци

Блаже Ордановски (55),вработен како металостругар во „Македонски шуми“, по 30 години работа во подружницата во Кавадарци,од неодамна е распореден на ново работно место како шумар во Демир Капија бидејќи судски барал исплата на К-15 за 2010 година, пренесува Телма. Вели дека заедно со други дваесеттина работници постојано трпат притисоци и закани од раководството на јавното претпријатие, откако одбиле да ги повлечат тужбите за регрес за годишен одмор, кој законски им следува.

Другите стравуваат дека ќе бидат избркани од работа како технолошки вишок ,бидејќи веќе имало и соопштение на огласната табла во управната зграда во Кавадарци.

-Ако може генералниот директор Жарко Караџоски од директор да дојде на дребонг да работи тогаш и ја би можел да бидам шума, вели Ордановски.

За адвокатот на работниците Манчо Манчев неиздржан е аргументот со кој на суд се бранело јавното претпријатие дека се работи за одлука за штедење,која пак е спротивна на потпишаниот колективен договор. Според него криза не може да има во фирма која претходно примила на работа 290 работници и каде на поголем дел од работниците по судска одлука им исплатила К – 15. И тој потврди дека поради притисоци имало работници кои се откажале од тужбите .

-Им било предочено и укажано дека доколку не ги повлечат тужбите ќе сносат последици со добивање на соодветни одлуки за нивно разместување во други градови односно други подружници на ЈП Македонски шуми. Меѓутоа, голем дел од работниците кои пристапија во мојата канцеларија и на кои им изготвив и поднесов тужби не се откажаа, не подлегнаа на притисокот и заканите,опстојуваат на тужбите и нивното барање, вели адвокатот.

Преку конкурс за социјално ранливи групи неоадамна Македонски шуми вработи нови 1600 лица и предизвика огромен револт меѓу граѓаните ,но и вработените во претпријтието.Сега после Елем како најголем работодавец, ова претпријатие се најде на второто место по број на вработени.  

Извор и фото ТЕЛМА

{facebookpopup}

Leave a Reply

Your email address will not be published.