Два милиони муслимани пристигнаа на аџилак во Мека

Аџиите појдоа од Мека кон блиската Мини по пат, со воз или пешки, носејќи дводелна бела облека, како што налага традицијата, додека жените се целосно покриени со исклучок на лицето и рацете.
Во Мини ќе се молат и одмораат пред да појдат на планината Арафат, врвот на ритуалниот аџилак.
Планирано е по неодамна изградената железничка пруга да се превезат 400.000 аџии, кои учествуваат на најголемиот светски годишен аџилак.
Саудиска Арабија распореди повеќе од 100 илјади војници кои се грижат за безбедноста на аџиите и предупреди дека нема да толерира демонстрации или немири.
Богатото кралство исто мобилизираше и големи медицински ресурси, како и цивилна заштита за да обезбеди непречено движење на аџиите, од кои 1,4 милиони се од странство, што е значително помалку од лани, кога на аџилак дојдоа 1,75 милиони аџии од други земји.
Владата во Риад воведе 20-отстотно ограничување годинава на квотата аџии кои доаѓаат од странство.
Исто така го намали и бројот на домашни аџии за половина поради страв од вирусот МЕРС и поради намалените капацитети поради повеќе милијарди долари вредните градежни работи.
Властите соопштија дека се оптимистични дека аџилакот ќе мине без инциденти, со оглед на тоа дека муслиманите во текот на годината изведоа бројни помали аџилаци, за време на кои не беа забележани никакви проблеми.

Leave a Reply

Your email address will not be published.