Пристигнаа летечките автомобили

Plug in хибридно електричниот летечки автомобил е моментално во фаза на развој, а благодарение на врвната технологија, ќе може да го користат и лица кои не се пилоти.

Имено, подготовката за управување со TF-X моделот ќе трае само пет часа, а за оние несигурните, тука е автоматското летање и слетување. Летечкото транспортно средство ќе користи мотор од 300КС и два електромотори од 600КС за вертикално полетување и слетување. Во текот на летот, ќе се постигнува брзина од 322km/h и ќе има домет од 805км.


За сигурност на патниците ќе се грижи напредниот склоп кој ќе бара избирање на примарни зони за слетување, како и неколку резервни зони за слетување, а доколку целата низа барања за сигурен лет и слетување не биде задоволена, склопот нема да дозволи полетување. Исто така, на патниците ќе им биде на располагање и падобран како и механизам за принудно слетување доколку пилотот е онеспособен.
Иако компанијата тврди дека е прерано да се шпекулира за цената, напоменала дека сака да го направи овој изум достапен по цена како и луксузните автомобили. Доколку се оди по планот TF-X ќе се пушти во продажба најрано за 8 години.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published.