ФРЧКОСКИ: Приказната за охридскиот договор во владата фукнционира како стар автомобил, само на туркање!
Употребата на албанскиот јазик во АРМ, која ја воведува министерот за одбрана го заострува прашањето на толкувањето на Охридскиот рамковен договор – не се применува постојниот или се изнасилува донесување на нов таков договор?
Неодамешното соочување на двајца искусни учесници во создавањето на текстот на Охридскиот рамковен договор – професорот Љубомир Фрчкоски и експратеникот Насер Зибери за искористеноста на правото на албанското малцинство на користење на мајчиниот јазик во јавна комуникација, беше поттикнато од – така да се рече – наредбата на министерот за одбрана Талат Џафери офицерите да учат албански. Ова се свати како воведување на албанскиот како обврзувачки во Армијата. Употребата на албанскиот јазик во АРМ, само додатно го заострува прашањето на толкувањето на Охридскиот рамковен договор – дали не се применува постојниот или се изнасилува донесување на нов таков договор?
Експратеникот Насер Зибери изјави за телевизијата “24 вести” дека нема информации околу воведување на албанскиот во АРМ. Но мисли дека е тоа добра практика а напротив, пречи ако се говори за учењето на албанскиот како за учење на странски јазик.
Професорот Љубомир Фрчкоски вели дека изгледа дека “никој од нас не знае што всушност значи таа одлука”. По него тоа учење треба да е факултативно. Тоа дури може да се прошири со тој приод и на целата јавна администрација, секако не како странски јазик, ама не обврзувачки. Не треба да сме нервозни околу тоа ако факултативно може да се учи во администрацијата. Не и на други јазици (ромски, турски), бидејќи тоа би било лицемерно. Треба да бидеме динамична демократија, која е, се разбира, мултикултурна. Немам од тој апсект резерви, но прашање е дали тоа би било формално, нужно учење. Бидејќи, формално Охридскиот рамковен договор тоа не го предвидува.
– Ако сепак се направи тоа, би се скршиле одредбите на Договорот, бидејќи, тој не се крши само ако не се применува нешто што го содржи, туку и ако се применува нешто што тој не го содржи! А тоа е крупно прашање и ако требало, би се предвидело при пишување и усвојувањето на Охридскиот договор. Имено, паралелната официјална употреба на два или повеќе јазици е одлика на федерации (тоа го имаат земји со федеративна структура). Во овој случај и со најеластично толкување на Договорот таква практика не е предвидена. Значи, ако се имаше намера за таква солуција, ќе се решеше тогаш – објаснува професорот на Правниот.
ЗА повеќе, ТУКА