Претставен најбрзиот компјутер во светот

Со таа брзина, ова е најбрзиот суперкомпјутер на светот. Тестовите покажале дека кинескиот суперкомпјутер е далеку посупериорен над конкуренцијата и дека е најбрзиот направен во светот. Американскиот Титан, кој се наоѓа на второто место, постигнал брзина на обработка на податоците од само 17,59 петафлопи по секунда, што е скоро два пати поспоро.

Пет од десетте најбрзи суперкомпјутери во светот се наоѓаат во САД, две во Кина, исто колку и Германија, додека еден е во Јапонија.

Името Tianhe-2 значи “Млечен пат – 2” наследник на Tianhe -1 суперкомпјутерот, кој во 2010 година беше прогласен за најбрз на светот, се додека не го помина американскиот Титан.

Интересен е и податокот дека најголем дел од деловите за овој суперкомпјутер се произведени во Кина, за разлика од неговиот претходник, кој го дизајнира американскиот производител на процесори Intel.

Сепак, САД има најмногу суперкомпјутери во светот, бидејќи на листата од најдобрите 500, САД поседува 252, Азија 119 а Европа 112.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published.