Пресконференција на кошаркарите

единствениот домашен дуел на „црвено-жолтите“ во пресрет на Евробаскет 2013. Селекторот Алеш Пипан го скрати списокот на 14 играчи, па Марковски и Штериов се вратија дома и ќе стартуваат со подготовките со своите клубови, МЗТ Скопје, односно Кожув. Словенечкиот стручњак најави дека шанса против Литванците ќе добијат сите кошаркари, воедно потенцирајќи дека конечниот список на патници за ЕП ќе биде обелоденет на еден ден пред тргнувањето за Словенија.

„Остануваат уште три седмици до почетокот на ЕП 2013, минавме половина од подготовките, конечно се комплетиравме и сега многу напорно работиме во домашната арена. Се подготвуваме за дуелот со Литванија кој е од пријателски карактер и на кој ќе испробаме некои варијанти. Шанса ќе добијат сите играчи, резултатот не ни е во прв план, иако би сакале да се претставиме во што подобро светло пред нашите навивачи бидејќи тоа е прва и последна средба во Скопје во овие контроли. Задоволен сум од работата на играчите, кои даваат се од себе на секој тренинг“ – истакна селекторот Пипан.

Задоволен од досега сработеното е и искусниот Владо Илиевски, кој не го крие задоволството од приклучувањето на националниот тим на искусниот Тодор Гечевски.

„Работевме добро во овјо претходен период, мислам дека сега со приклучувањето на Гечевски го добивме последниот дел од мозаикот што го чини нашата репрезентација. Лично сум среќен и задоволен што сум дел од оваа селекција и едноставно мислам дека сето она што не красеше и што го имавме во последните неколку години, мислам дека и оваа година е на исто ниво. Само се надевам дека ќе останеме здрави до почетокот на ЕП 2013, не се сомневам дека ќе дадеме се од себе, ќе го оставиме срцето на паркет и ќе се обидеме уште еднаш да ја израдуваме Македонија“ – изјави Илиевски.

Сличен е ставот и на Александар Костоски, кој изрази надеж дека повредите ќе ги одминат нашите кошаркари и во следниот период како што тоа беше случај досега.

„Овие почетни подготовки минаа во најдобар ред, сега сме тука сите заедно и со нетрпение го очекуваме почетокот на шампионатот. Се надевам дека ќе не служи здравјето и комплетни ќе го дочекаме Евробаскет 2014“ – истакна Костоски.
 

Leave a Reply

Your email address will not be published.