(ВИДЕО) Прес на Левица пред “Фени Индустри”

Партијата Левица оддржа прес пред капијата на компанијата “Фени Индустри” од Кавадарци

Поводот на овој прес е отказот на нивниот член, кандидат за пратеник на оваа партија на последните парламентарни избори и доскорашен вработен во компанијата “Фени Индустри”, Орданче Бошковски.

Од Левица тврдат дека Бошковски како вреден работник кој нема направено ниту еден проблем на работното место, како единствен вработен во своето семејство, му е врачен отказ само заради тоа што напишал фејсбук статус за кој нема никаков основ за негово обвинување. Велат во овој случај се нарушени работничките права. Повеќе од видеото.