Прес конференција на кандидатот за пратеник на СДСМ, Бетиане Китев

“Почитувани сограѓани, на 13 април избираме шеф на државата. Од новиот претседател се очекува да одговори на најсериозните предизвици со кои денес се соочува Македонија.
Претседателот Стево Пендаровски ќе застане на чело на едно широко граѓанско движење, кое ќе ги донесе нужните промени во земјава.
Македонија да биде полноправна членка на ЕУ и Нато, Македонија да има правна држава и независно судство а не политички затвореници.
Но за да ги оствариме овие цели мора најнапред да победиме. Затоа се обраќаме за подршка до вас почитувани Кавадарчани.Вашиот глас на 13 април ќе значи огромна одговорност за да се исполнат сите очекувања во петгодишниот мандат.
Залудна им е целата негативна кампања која ја водат. Стево Пендаровски стои пред вас со искрен пристап, без тутори, ментори и сопственици. Вие може да процените каков претседател сакате.
Јасно и гласно кажуваме само со Стево Пендаровски како претседател сите граѓани ќе имаат еднаква шанса да придонесат за својата земја.
Пред вас почитувани сограѓани Стево Пендаровски настапува со својата програма и со неговите десет начела.
1.Претседателот ги претставува граѓаните и го брани нивниот и државниот интерес.
2.Претседателот треба да ги решава проблемите, а не да бега од нив.
3.Претседателот мора да обединува, не смее да ги дели луѓето.
4.Претседателот на државата не смее да е нем на неправдите, нееднаквоста, социјалното раслојување, подемот на сиромаштијата.
5.Претседателот е должен да ги остварува стратешките цели на земјата.
6.Претседателот е должен да го подобри меѓународниот углед на земјата.
7.Претседателот е чувар на Уставот.
8.Претседателот мора да се грижи дали во земјата владее правото.
9.Претседателот е столб на мирот и стабилноста во земјата.
10.Претседател на несреќни луѓе е неуспешен претседател.
На 13 април да му дадеме подршка на Стево Пендаровски да ја реализира програмата да го врати спокојот, да ја престрои Македонија во правилната насока.
На 13 избираме Претседател кој ќе биде заштитник на граѓаните, чувар на Уставот, обединувач на нацијата.
На 13 април гласаме за реден број 3, за Стево Пендаровски за поуспешна и просперитетна Македонија. “

(интегрален текст од прес конференцијата на кандидатот за пратеник Бетиане Китев)

Leave a Reply

Your email address will not be published.