Препродавачи на огревни дрва ги манипулираат кавадарчани

Напоредно со ова вообичаено е да стигнуваат и понуди за огревни дрва буквално од сите страни. Цените се различни во зависност од квалитетот кој го добивате. Во последно време во Кавадарци секојдневно “изникнуваат” препродавачи на огревни дрва, претежно на даб и бука. Горе – долу цените се приближно исти и во просек изнесуваат околу 2700 денари за метар кубен. Стандардно, доколку должината на исечените дрва изнесува 1 метар (100 см), во тој случај и висината и ширината би требало да се отприлика по 1 метар за да добиете метар кубен огревно дрво.
Кај некој од препродавачите на дрва оваа математика некако не им оди баш најдобро, меѓутоа се трудат крајниот резулттат да оди во нивна корист. Имено им наметнуваат на граѓаните огревни дрва со должина од 0,9 метри (90 см), а висината и ширината ја запазуваат да изнесува точно и метар. При една ваква пресметка, на еден метар кубен огревно дрво потрошувачот е оштетен за 10% од цената односно 270 денари (доколку еден метар кубен е 2700 денари). Оваа пресметка е само за еден метар кубен. Но крајниот резултат е позастрашувачки доколку истата пресметка се направи на 10 кубни метри огревно дрво, колку што е отприлика и просекот на потрошувачка на едно семејство. Во тој случај оштетата би изнесувала неверојатни 2700 денари односно на платени 10 кубни метри граѓаните добиваат 9.
Доколку граѓаните се внимателни не би требало да бидат изманипулирани при една ваква ситуација. Меѓутоа што е со пензионерите или пак со старите и изнемоштени лица?
А фискална сметка не се ни обидувајте да барате. 

Leave a Reply

Your email address will not be published.