Премиум серија LG – G2

Телефонот е карактеризиран со екран со дијагонала од 5.2 инча и Android Jelly Bean 4.2.2 оперативен систем.

LG G2 поседува Quad-Core Qualcomm Snapdragon 800 процесор со работен такт од 2.26 GHz, Full HD IPS екран со резолуција од 1080×1920 / 423 ppi, меморија од 32GB/16GB, како и две камери, 13 MP од предната страна која поседува и оптичка стабилизација на сликата (OIS) и предна од 2.1 MP.

Овој уред ги поместува границите кога е во прашање дизајнот на паметните телефони и по прашање, сите тастери се комплетно поставени од задната страна на уредот што не е случај со останатите паметни телефони кај кои најчесто овие тастери се поставени странично. Со поместување на тастерите се дава поголема контрола на корисниците.

LG G2 користи и графичка RAM (GRAM) технологија која ја намалува потрошувачката на енергија на екранот и до 26 процента и истовремено го продолжува траењето на батеријата за 10 процента.

Покрај оваа технологија, LG G2 поседува и батерија од 3.000 mAh, што гарантира и голема издржливост при активно користење.

Телефонот нуди и низа на други практични функции, како што се автоматско одговарање на повик кога телефонот ќе се допре до уво (Answer Me), информациите од текстуалните пораки може лесно да се сочуваат во календарот или да бидат пребарани на интернет мрежата (Text Link). Со овој паметен телефон може да се управуваат и уредите за домашна забава или да се користи како универзален далечински управувач за повеќе уреди истовремено (QuickRemote).

По светската премиера во Њујорк, LG G2 во наредните осум недели ќе биде достапен кај повеќе од 130 оператори ширум светот, почнувајќи од Јужна Кореа, Северна Америка, Европа и останати клучни пазари.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published.