Премиера на кавадаречки народни приказни

„Кавдаречките“ народни приказни за „Умната мома“ и „Големиот драпаџија“ веќе во понеделник, 12ти октомври, премиерно ќе бидат прикажани пред кавадаречката и македонската јавност.
Според Диме Коцевски, режисер, актер и косценарист на серијалот „кавдаречки“ народни приказни снимањето на првите две епизоди од серијалот „кавдаречки“ народни приказни е резултат на долгогодишна и макотрпна работа на собирање на приказни кои се специфични за Тиквешијата и го карактеризираат целиот регион.
Директорот на фотографија и косценарист, Тони Коцев изјави дека се пресреќни што се успеа да се направи еден целосно кавадаречки проект, со свои, локални приказни, локални актери, режисери, камермани, целосно кавадаречка продукција.
Промоцијата на првите две епизоди од серијалот „кавдаречки“ народни приказни ќе се оддржи во понеделник, 12 октомври, во 3D киното „КаоС“ во Кавадарци со почеток од 20 часот.

Leave a Reply

Your email address will not be published.