Преку 100.000 граѓани на утрешниот протест, најголем во македонската историја

Република Македонија и нејзините граѓани, преку најмасовниот граѓански протест во целата историја на ова поднебје ќе и порачаат на актуелната власт дека нејзиното време е одминато и време е да заминат во заборав. И притоа, нормално, да одговараат за бројните криминали кои ги направија.

Утрешниот ден, 17. мај 2015 година, ќе биде запаметен како ден за просветлување на една нација, за конечно обединување на сите граѓани и ставање крај на една диктатура, која изминативе 9 години покажа дека е рамо до рамо со онаа на Милошевиќ.

Масовна поддршка и присуство на утрешниот протест пристига од сите страни. Граѓанскиот сектор обединет како никогаш претходно, за граѓаните ич не станува збор а тука е и масовната и безрезервна поддршка од сите амбасадори во Р. Македонија, целиот дипломатски кор. Едноставно, сите против Груевски и режимот. Се предвидува на протестот да присуствуваат преку 100.000 граѓани на Република Македонија. Настан кој без двоумење ќе влезе во најдемократските витрини од поновата македонска историја.

Панталоните на оваа власт се симнати. Им останува уште срамот и одговорноста. 

И покрај сите опструкции од страна за режимот во делот на ставање сопки околу превозот до Скопје, граѓаните јасно и гласно му порачаа на Груеску дека ако треба пеш, со трактори и камиони ќе заминат само да присуствуваат на протестот.

И покрај агендата на владините медиумски кучиња дека утрешниот прротест ќе биде насилен, сепак тоа се само платеници со порачани вести. Амбасадорите на Британија, Италија, Германија, САД…Тие ќе бидат предводници во првите редови од колоната. Така да не подлегнувајте на сите провокации зготвени во кујната на ДПМНЕ.

ДПМНЕ се руши како кула од карти. Граѓани, преминете на безбедната страна и изборете се за една посветла и подемократска иднина. Не за друг, ами за вашите деца. Симнете ги прангите и оковите од вашите чела.

Се гледаме утре, а денот да биде прогласен за национален празник.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published.