(Видео) Навивачите го соблекоја новиот тренер на Левски

Управата на клубот попладнево го отпушти Славиша Јокановиќ и на негово место го ангажираше Петев, но ваквиот потег наиде на огромно незадоволство кај навивачите, кои сметаат дека новиот тренер е голем фан на лутиот ривал ЦСКА Софија.
Токму поради ова десетина најголеми приврзаници на Левски влета на самиот почеток на прес-конференцијата, застанувајќи пред камерите и влегувајќи во отворен конфликт со Петев. На крајот, навивачите успеаја и да го соблечат тренерот, со образложение дека не заслужува да носи опрема со обележјата на нивниот клуб, по што тој ја напушти салата каде требаше да се одржи прес-конференцијата.
И покрај ваквите денешни случувања, и челниците на Левски и самиот Петев се решени соработката сепак да отпочне, не дозволувајќи незадоволството на навивачите да го наруши нивниот договор.
 

Leave a Reply

Your email address will not be published.