Уште едни, нови, по којзнае кој пат предвремени избори во ноември?

 Уставните рокови течат, мора да се стави крај на политичката криза, вели координаторот на пратеничката група на Вмро Дпмне, Илија Димовски.

Димовски не споменува политички дијалог,а за Сдсм тоа е единствен излез од политичката криза. Остануваат на петте барања.Нема да учествуваат на изборите доколку тие не бидат спроведени од техничка влада.

Вмро Дпмне со дециден став- ниту сега, ниту во иднина ќе го прифатиме барањето за формирање техничка влада во било која форма.На пратениците од опозицијата им нудат да се вратат во Парламентот или да одат на предвремени парламентарни избори.

И претседателот на Парламентот Трајко Вељановски ги повика пратениците од опозицијата да се вратат во законодавниот дом најдоцна до 8 октомври , кога всушност треба да биде објавен и Извештајот на Европската комисија. Доколку тоа не го сторат и го условуваат политичкиот дијалог, најави дека ќе биде принуден да свика седница на која ќе се констатираат оставките на пратениците. Голем простор за размислување нема да им се остави ниту на наредните кандидати за пратеници кои се наоѓаат на листите во шесте изборни единици.

Извор Телма

Leave a Reply

Your email address will not be published.