Парампарче пред нас ќе паднете, додека нов свет градиме!

пишува Стефан Видиков

Претседател на Основен суд со имот и пари во вредност од 67 654 378 ден., извршна власт со офшор компании, новинари потешки од телевизиите во кои работат, прават власт држ-недај, строат кучиња по кордони и пеат дитирамби за титаните, од другата страна градски кметови и скопска бизнис езотерија тешки дотолку што банките им се тесни за да им го собере капиталот бараат демократија, слободни медиуми, правда, еднаков дел од колачот..

А во меѓувреме газди остваруваат историски профити (ФЕНИ, Телеком, ОКТА, ИГМ, Дрекслермаер….), газат, ршум прават по работниците, изнесуваат капитал, експлоатираат природни ресурси, монополизираат, загадуваат, уништуваат животи, си бираат власт не потешко од што избираат предјадење во ресторан…

И сето ова со челични чизми стои врз несреќата на оној што ради ќебапи лежи во затвор, на оние што ќе умрат во стечај, на мртвите во ФЕНИ, ИГМ, Дрекслермаер, на оние што зимово на снегот ќе ви бараат милостина додека чмаете по кафетерии шмркајќи кафе, лути на светот ради космичката неправда на законот- “само една ме заеба“.

Од истиот свет дел сте, на истиот свет сила му давате, истиот свет одеднаш го плукате и ветувате мамето ваше таборско!

Десет пати направете си 11 декември, десет пати преродете се, ама ново не бидувате, стари и гнили сте, заедно со светот ваш.

Парампарче пред нас ќе паднете, додека нов свет градиме, кој БРАТСКИ ќе биде!

Leave a Reply

Your email address will not be published.