Пречек за Шиповиќ во вторник со полиција, но и со масовни протести

Градоначалниците од опозицијата нема да го напуштат ЗЕЛС како што јавија некои медиуми, но ќе ја замрзнат работата во ова тело.
Претставниците на СДСМ ќе го прекинат и учеството во работната група во парламентот, што треба да ги спроведе препораките во врска со настаните од 24 декември лани.
Советниците на најголемата опозициска партија ќе изразат протест на тој начин што нема да учествуаат во работата на првата наредна седница на советите во сите општини во Македонија.
Овие одлуки на СДСМ се реакција на полициската акција „Претседавач“, за која опозицијата смета дека е политички монтиран случај. Непосредно по најавите дека ќе биде уапсен Шиповиќ, СДСМ побара тој да се брани од слобода.

Извор ПЛУСИНФО

Leave a Reply

Your email address will not be published.