Правнички ставови на младите академски граѓани од Кавадарци

Човекови права се права кои им припаѓаат на сите човечки суштества, без оглед нанационалноста, местото на живеење, полот, националната или етничката припадност, бојата,религијата, јазикот или кој било друг статус. Сите ние имаме исто право на нашите човекови права без дискриминација. Сите овие права се меѓусебно поврзани, меѓузависни и неделиви. Истовремено тие се најасниот показател за карактерот на власта. Колку се понапредни тие, толку повеќе ја стеснуваат можноста на власта (властодршците) за злоупотреби и арбитрарност кон правата и слободите на човекот. На овие теми, Надица Василева разговараше со младите академски граѓани од општина Кавадарци, и за нивните ставови и гледишта во врска со нивната професија.

НАДИЦА ВАСИЛЕВА: Што претставува за вас правото, и колку во Македонија сметате дека се почитуваат човековите права ?

Н.Л: За да го дефинираме поимот ПРАВО, прво теба да дефинираме што е тоа НОРМА. Нормата во една најопшта смисла на зборот, претставува правило со кое ќе се регулира однесувањето на луѓето во нивните меѓусебни односи во едно општество, односно нормите регулираат односи само меѓу луѓето. Збирот на таквите норми ни го означува поимот право.

Самиот трмин ПРАВО, ни означува нешто што треба да биде ПРАВИЛНО, нешто што треба да биде СПРАВЕДЛИВО. Кога говорам за правото, неможам а да не се сетам на “Честито да се живее, туѓото да не се зема, секому неговото да му се даде” – дефиниција од првиот правен учебник на Јустинијан, што за мене претставува движечка сила на личен и професионален план.Слободата на човекот е неприкосновена. Таа е загарантирана со Уставот на Република Македонија и со други инстументи со кои државата се обврзала за поставување стандард во областа на човековите права и слободи, таков инструмент е Универзалната декларација за човекови права донесена на 10 декември 1948 година од страна на Генералното собрание на Обединетите нации.

Каква е состојбата во Македонија кога станува збор за човековите права? Единствен одговор на ова прашање можам да дадам со поставување на следно прашање: Човекови права, што беше тоа?!
За да можат да се почитуваат човековите права и слободи треба да постојат правила за почитување на демократската држава,владеење на правото, политичка волја кај граѓаните , свест за правата , и нивно целосно почитување и заштита.Нажалост кај нас во Македонија тоа непостои.

Во Македонија имаме сериозно прекршување на човековите права и слободи, особено морам да го нагласам правото за слободата на говорот. Откази се даваат на работници доколку не бидат замолчени, телевизии се затвараат доколку на народот им ја прикажуваат вистинската слика на македонското општество, не се емитуваат хумористични емисии кои ја прикажуваат реалноста на хумористичен начин, се притвараат новинари, а некои новинари за оваа општество платија и со сопствениот живот. Со еден збор тажна е состојбата во Македонија кога станува збор за човековите права и слободи, а властите не прават никави напори за нивно подобрување.

Н.В: Како дипломиран студент на Правниот факултет во Скопје, колку сте задоволни од програмата и новиот начин на студирање по ЕКТС системот? Сметате дека може една академска личност да се надогради во знаењето со ваквиот пристап, и колку таа е ефективна ?
Р.Ј: Со воведувањето на Болољскиот процес во високото образование, осносно со воведувањето на ЕКТС, истажувањата покажаа дека со системот на студирање се подобри транзицијата од една во друга година, а тоа значи зголемување на бројот на дипломирани и на магистри, а во блиска иднина ќе се зголеми и бројот на доктори на наука. Центарот за истражување и креирање политики (CRPM) има еден податок кој вели дека пред воведувањето на овој систем во високото образование само 7% од студентите ги завршувале студиите на време, што значи дека за само неколку години пазарот на трудот ќе биде преполн од високо образовани кадри кои ќе бараат соодветна работа за професијата што ја стекнале.

Од друга страна овој систем според мене претставува хендикеп.Студентите постигнуваат одличен просек, а го немаат знаењето кое би било соодветно на оцената. Не се изведува практична настава, студентите конкретно на Правниот факултет со новиот систем неможат да ги искажат своите говорни способности, еднинствен начин да го сторат тоа е преку пишување на есеи и семинарски трудови, но темите за истите им се претходно достапни. Што значи еден дипломиран студент на Правниот факултет (правник, адвокат, политиколог или пак новинар) кога ќе му поставите стручно прашање, истовремено ќе мора и да му дадете и понуда од одговори за да може точно или пак неточно да ви одговори.

Н.В: Според податоците од Агенцијата за вработување, на листата на невработени најбројни се дипломираните правници коишто во моментот се вкупно 1269 невработени лица.Што ви кажува оваа бројкa? Кои критериуми сметате дека се потребни за едно вработување, и колку од нив се почитуваат кај нас?
Н.Л: Значи на сите ни е јасно дека пазарот на трудот ќе биде преполн од високо образовани кадри.Сметам дека една од причините за ваквата состојба е начинот на кој се изведува и оценува наставата во високообразовните установи, а од друга страна виновник е и самата политика на образованието, односно севкупната политика која се води во државата. Доколку се води правилна економска политика и да има правилна распределба на трудот, немаше да се најдеме во ваква состојба.

Кога станува збор за критериумите кои се потребни за едно вработување,тие се различни кај државниот сектор и кај приватниот сектор. Во државниот сектор прв критериум за вработување ти е политичката определба, додека кај приватниот сектор сеуште можеме да кажеме дека се бараат вистинските критериуми, но нажалост гледајќи ја реалната ситуација во која се наоѓаме полека и таму состојбата почна да се менува…

Н.В: Повеќе од 230.000 македонски граѓани се иселиле од Македонија во периодот од 1998 до 2011 година во Европската унија и во САД. Тоа е повеќе од 10% од населението во државата. Станува збор за претежно млади и образовани луѓе кои најчесто остануваат во странство во потрага по работа и желба за подобар живот? Кој е вашиот одговор и размислување за истата ситуација.Зошто е тоа така?
Р.Ј: Примарниот агенс за ваквата состојба е сиромаштијата, а дефиниција за сиромаштијата е:  негирање на основните човекови права, нееднаквоста помеѓу луѓето…
Отец Вресински сиромаштијата ја дефинирал како човечка особина окарактеризирана со константна или хронична лишеност од ресурси, способности, избори, сигурности и моќ неопходни за уживање адекватен стандард на живеење и други граѓански, културни, економски, политички и социјални права.

Официјалните податоци покажуваат дека индексот на сиромаштијата во Македонија изнесува околу 30 проценти, што значи секој трет македонец е сиромашен. Повеќе од 53 илјади семејства земаат социјална помош, а околу 23 илјади поради економската криза останаа без работа. Сега се поставува прашањето: Дали во едно вакво економско општество би сакале да живеете? Одговорот на оваа прашање кај повеќето млади работоспособни и високообразовани лица сигурно тврдам дека е НЕ.

Младите перспективни македонци не ја гледаат иднината во својата татковина, затоа што истата ништо не им нуди за возврат. Моменталната политика која се води, многу можности им нуди на пензионерите, тие ги уживаат сите права и слободи што треба да ги ужива еден млад човек. Затоа да не ве изненадува бројката на иселени млади луѓе, напротив таа во иднина и ќе се зголемува доколку не се превземат сериозни мерки.

Н.В: Моментално најактуелна ситуација во правниот систем е случајот за Кежаровски. Според експертите, случаите како Кежаровски покажуваат дека не се следи праксата на Европскиот суд за човекови права и не се почитуваат неговите одредби.Кој е вашиот став и размислување за овој случај?
Р.Ј: Советот на Европа (составен од 47 земји потписнички на Европската Конвенција за човекови права или Конвенција за заштита на на човековите права и основните слободи) е формиран за да: ги брани човековите права, парламентарната дмократија и владеењето на правото; ги развива континенталните договори за стандардизација на социјалните и правните практики на земјите членки; ја промовира свеста за европски идентитет базиран на заеднички вредности и различните култури.

Во случајот со Кежаровски, Хелсиншкиот комитет се јави за повреда на човековите права и изјави дека ќе поднесе жалба пред Европскиот суд за човекови права, бидејќи Кривичниот совет, решенијата кои ги донесе за продолжување на притворот се во спротивност на Конвенцијата за човекови права. 

Според член 5 став 1 од Европската конвенција за човекови права секој човек има право на слобода и безбедност и никој не смее да биде лишен од слобода.
Според челен 5 став 3 од истата, секое лице уапсено или притворено мора веднаш да биде иведено пред судија или друго судско лице, со закон овластено да врши судска власт, и да има право на судење во разумен рок или пуштање на слобода во текот на судската постапка. Пуштањето може да се услови со давање гаранција дека тоа лице ќе се појави на судењето.

Токму овде во член 5 став 3 од европската Конвенција се прекршени човековите права на Кежаровски да се брани од слобода. На 26 јуни 2013 година Кривичниот совет донесе решение со кое му се продолжи притворот на Кежаровски и не му се дозволи да се брани од слобода. Клако причини за тоа Кривичниот совет ги наведе дека постои опасност од бегство, дека може да влијае на истражната дејност како и опасноста од евентуално сторување на ново кривично дело. Кога ќе ги слушнете образложенијата на Кривичниот совет, ќе помислите дека Кежаровски извршил серија поврзани убиства и дека станува збор за еден од најопасните терористи кои некогаш постоеле.
Жално е ова што ќе го кажам за крај, но во нашето општество по се изгледа правдата ќе ја бараме на другиот свет, кај Св.Петар, а не во македонските судови.

Н.В: Ви благодарам за издвоеното време и ви посакувам успех во натамошното градење на кариерата. За крај кои се вашите идни визии и планови? Некоја порака, мисла која ве води при креирањето на својот живот и нормално подобра иднина ?
Н.Л: За κρај ќе го цитиρам мојот ρепеρ автоρ и филозоф Имануел Κант: Што можам да знам? Што можам да пρавам? На што тρеба да се надевам?
Тρите пρашања Κант ги обединува во едно: Што е човеκот? ” ЧОВЕКОТ е ρоден слободен, а сеκаде е во оκови. Оној κој веρува деκа е господаρ на дρугите, во ρеалноста е поголем ρоб од нив.”
 

Leave a Reply

Your email address will not be published.