Правилна конзумација на овошјето

Овошјето игра голема улога во детоксикацијата на нашиот организам, бидејќи го снабдува со голема количина на енергија која ни е потребна за секојдневните активности, но и за слабеење.

Сите мислиме дека овошјето треба да се конзумира со отстранета лушпа, исечено на парчиња, но не е така. Важно е да се знае како и кога да се јади овошје.

овошјето би требало да се јади на празен желудник, а никако после оброк. Ако јадете две парчиња леб, а потоа овошје, тоа поради брзото разградување и водата која ја содржи само “поминува” низ желудникот во цревата, но претходно внесениот оброк го спречува во тоа. Овошјето доаѓа во контакт со храната во желудникот, па целата маса започнува да се расипува. Целиот оброк ферментира и се претвора во киселина.

Колку пати сте почувствувале дека ви се подригнува од едно – две парчиња лубеница со која сте сакале да се освежите после ручек или вечера или сте се почувствувале дека цревата одеднаш ви преработиле кога сте каснале банана во истата ситуација. Тоа нема да се случи ако изедете овошје на празен желудник. Овошјето измешано со друга храна предизвикува расипување и произведува гасови и затоа често чувствувате надуеност во стомакот, освен кога јадете цитронски овошје со полно киселини, како портокал или лимон.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published.