Пратеничката од Кавадарци, Весна Пемова, гласаше “ЗА” користење на гумени куршуми од страна на полицијата

Весна Пемова, кавадаречкиот народен пратеник, таканаречениот “борец” за човекови права, демек “заштитничка” на припадничките на понежниот пол од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, го даде својот глас и поддршка за усвојување на Законот за Полицијата со кој припадниците на МВР добија законска основа да користат нови средства за присилба при растурање на протести.

Со ова, полицијата ќе може да користи гумени куршуми, електрични парализатори и шок – бомби ако протестантите што го нарушиле јавниот ред и мир се оглушат на повикот на полицискиот службеник да се разотидат. Со закон, полицијата досега за воспоставување јавен ред и мир можеше да користи физичка сила, палка, хемиски средства, млазови вода и службени кучиња, пренесува Либертас.

На гласањето не присуствуваа пратениците од СДСМ и коалициските партнери кои уште од изборите го бојкотираат Собранието, а единствено против гласаа Љубица Буралиева и Роза Топузова Каревска (двете од редовите на опозицијата кои влегоа во Собранието), како и Лилјана Поповска од ДОМ (дел од владеачката коалиција).

Листата на 59-те пратеници кои го поддржија овој закон може да ја видите овде.

Leave a Reply

Your email address will not be published.