Прашања на кои науката нема одговор

Зошто зеваме?

Постојат многу теории, но наулчниците се упте не се спремни да ‘покажат со прст’ во една одредена. Некои психолози тврдат дека зевањето претставува “уред за разладување на мозокот”, нешто слично како кулерот во компјутерот: кога системот ќе се прегрее, се вклучува вентилаторот.

Зошто тогаш зевањето е заразно? Еден од многуте одговори е дека тоа е начин групата да се одржи будна. Кога еден член на групата зева, покажувајќи на тој начин знакови на замор, целата група можби треба да зева поради колективен ментален поттик.
Тоа не е единствениот одговор. Друго објаснување вели дека станува збор за изразување сочувство меѓу ‘зевачите’. 

Зошто пласибо лековите делуваат?

Кога се тестира нов лек, експертите формираат контролна група со која ќе ги споредат ефектите на лекот. На чЧленовите на контролната група им е речено дека добиваат лек, но всушност голтаат пилула без никакви активни состојки. Повремено тие членови ги чувствуваат ефектите на лекот, барем така велат.

Во некои случаи, ефектите кои се јавуваат кај контролната група навистина одговараат на оние кои ги предизвикува вистинскиот лек, додека понекогаш ефектот е сосема субјективен: пациентот вели дека се чуствува подобро, но вистински напредок нема. 

Можните одговори за ова се бројни: може да дојде до вистинско физичко делување, пациентот очекува дека ќе му биде подобро од лекот, па затоа мисли дека навистина е така, позитивно чувство поради разговор со лекар, несвесна желба за добри резултати во истражувањето или пак природен напредок на симптомите.

Како органите знаат кога треба да престанат со растењето?

Животот на секој цицач започнува во облик на една клетка, а подоцна се развива во милијарди. Обично постои будна контрола над бројот и големината на клетките, ткивата и органите, но понекогаш се може да тргне лошо, резултирајќи со појави како што се ракот или една рака поголема од друга.

Јадрото на Салвадор – Вортс – Хипо сигнализаторниот систем е составено од четири протеини па се верува дека тие го контролираат растото на сите органи.

“Стоп” сигналот испратен до овој систем го деактивира протеинот одговорен за раст, но науката за сега застанува тука. Од каде доаѓа тој сигнал и кои се елементите во тој систем засега е непознато, но научниците учат како со нив да управуваат и полека го откриваат изворот на сигналот.

Како работи гравитацијата?

Од четирите основни природни сили, гравитацијата е најслаба. Таа ја држи вселената како целина, но е послаба од своите ‘роднини’: електромагнетизмот, послабите нуклеарни сили и јаките нуклеарни сили. Следната по јачина, слабата нуклерна сила, од гравитацијата е појака за 100.000.000.000.000.000.000.000.000 пати. 

Знањето за другите сили не може да се примени на гравитацијата. Научниците не можат да ја применат квантната теорија за општ релативитет за да ја објаснат гравитацијата во мали размери.

Тие не знаат ниту од што е составена гравитацијата. Останатите основни сили се поврзани со честици кои ги пренесуваат, но никој не открил гравитациска честичка – хипотетички гравитон.

Можат ли животните навистина да предвидат земјотрес?

Идеата е интересна, но не е така лесно да се докаже. Сопствениците на домашни миленичиња уште од времето на античка Грција тврдат дека забележуваат дека нивните миленичиња се однесуваат чудно при земјотрес.

Не е исклучено дека животните чувствуваат некои сигнали од природата кои за нас се неприметни, како сеизмичка активност или промена во електричното или магнетното поле. Сепак, за сега не е потврдено ниту дека земјотресот има некоја воведна фаза пред самиот удар, затоа не знаеме ниту кога би требало да ги набљудуваме животните за да би забележале некоја нивна реакција.

 


 

Leave a Reply

Your email address will not be published.