Прангите на власта не познават граници, не им даваат плата на битолските наставници!

Наставничкиот пленум од Битола упати јавно протестно писмо до МОН и СОНК, за, како што вели, да ја запознае и целата јавност на какви притисоци се изложени вработените во образованието во Битола и во другите градови каде се штрајкуваше низ Македонија.

„Средните и основните училишта се со општинско финансирање и речиси во Битола многу ретко доаѓаат на време, што не е случај со училиштата со државно финансирање и училиштата во градовите каде не се штрајкуваше. Имено, до денес, 22.02 2015 година, примањата во вид на плати во образованието не се стигнати нити е најавено кога ќе стигнат. Бидејќи наставниците немаат друг извор за егзистенција, а месецот одминува, препорачуваме итно да се исплатат. И ние имаме фамилии и деца. Ако тоа не се случи, Наставнички пленум ќе преземе други чекори“, се наведува во писмото со Нaставнички пленум од Битола.

Leave a Reply

Your email address will not be published.