Практични примени на маслиновото масло

Покрај во вкусните салати, маслиновото масло може да го применувате за посјајна коса, понежна кожа и масажа за хидратација.

1. За да ја спречите појавата на перут нанесете маслиново масло на сувиот скалп на главата.

2. Иако ви изгледа масно, тоа не ги затвора порите и не предизвикува акни, токму затоа и било најважната тајна на убавината Клеопатра.

3. Направете си масажа на стапалата со мед, маслиново масло и лимонов сок за да ја омекнете сувата кожа.

4. Користете го како регенератор за коса така што ќе го нанесете по целата должина, ќе ставите пластична капа за бањање и ќе загреете со фен. Нека постои еден час, па измијте со шампон.

5. За да ја извадите шминката нанесете малку маслиново масло на памук и нежни истријте ги очите.

6. За да го одглавите патентот, капнете му малку маслиново масло и нежно мрдајте го горе долу за да се подмачка.

7. Ако сакате нежна кожа после туширањето на влажна кожа нанесете масло и размачкајте по целото тело.

8. Ако сакате помеки усни секоја ноќ пред спиење намачкајте ги со малку масло.

9. Ако вашето дете фати вошки, темето на главата натопете ми го со маслиново масло, замотајте ја косата со капа за бањање и нека постои така некое време. Пред да ја измиете исчешлајте ја со густ чешел.

10. За полесно бричење на влажната кожа намачкајте маслиново масло и поминете со бикчето. Тоа ќе ги спречи иритацијата и црвенилото.

11. Со крпа со маслиново масло исполирајте ги кожените чевли и гарнитурата од кожа.

12. За вадење на налепници од стакло или пластика, натопете убаво со масло, оставете да отстои и со сунѓерче за садови полека тријте ја налепницата.

13. Нанесете маслиново масло на изгорениците од сонце. Тоа ќе ја намали болката така што ќе и помогне на кожата да ја поврати влажноста.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published.