Пожар над Кавадарци, избегната посериозна штета

Пожарот се доближи и на неколку метри од околните куќи и беше во непосредна близина на зимзелените појаси на градскиот парк. На лице место излезе противпожарна екипа и направи увид на состојбата на теренот. Пожарот беше успешно локализиран.

На местото каде избувна пожарот е сместен и предавател на еден од мобилните оператори, но како што дознаваме нема нанесено материјална штета. Од фотографиите и видео снимката (аматерска) може да се види дека станува збор за голема површина на опожарено земјиште.

Граѓаните од околината беа вознемирени за настанатата ситуација.Се уште се непознати причините за избувнатиот пожар.

Leave a Reply

Your email address will not be published.