(ФОТО) Пожар во центарот на Кавадарци, повредени нема

Пожарот избувнал во еден од приватните станови од станбена зграда синоќа околу 1:30 часот по полноќ. Пожарот избувнал во зграда која се наоѓа на улицата “Илинденска” во строгиот центар на градот. 

pozar ilindenska2

Противпожарна единица била информирана за пожарот, по што на терен излегле повеќе противпожарни возила со неколку пожарникари. Во гаснењето на пожарот учествувале и жителите од околните станови.

Успеавме да го локализираме пожарот. Во неговото гаснење учествувавме многумина соседи од околните станови како и пожарникарите од противпожарната единица од општина Кавадарци – вели за “Мојот Град” еден од соседите.

pozar ilindenska3

Лошите временски услови како што беше силниот ветар допринесе огнените јазици да го зафатат и покривот од зградата. 

Некаде околу 1:30 часот по полноќ почна да се шири дим и чад насекаде во зградата. Кога излегов на тераса имаше што да видам. Целиот стан од соседот беше во пламен а огнот поради силниот ветар се ширеше и кон околните станови. Сите соседи се вклучивме во гаснењето на пожарот. Кој со кофи со вода кој со црева за вода поврзани од чешмите од домовите. Некаде околу 4 часот наутро пожарот успеавме да го изгаснеме.- вели Тоше Чејков, сосед.

Повредени нема, причинета е материјална штета. Причините од пожарот се уште не се утврдени.

pozar ilindenska4

pozar ilindenska5

pozar ilindenska7

pozar ilindenska6

Leave a Reply

Your email address will not be published.