Повреден стечаец за време на протестот во Куманово

Како што јавува Телма телевизија, стечаецот е пренесен во болница откако падна во бесознание претпладнево, за време на протестот на стечајните работници од УНИТ, пред седиштето на ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Куманово.

Прва помош на стeчајниот работник му пружија неговите колеги, по што со возило на итната помош е пренесен во болница.

Лилјана Георгиевска, претседател на УНИТ изјави дека здравствената состојба на стечајните работници секојдневно се влошува, бидејќи тоа се постари луѓе, кои немаат пари ниту за храна, а не па за лекараства. Георгиевска рече дека преку некои стечајни работници пратеникот од Куманово Јордан Пачков им ја испратил пораката дека дијалог со власта за решавање на прашањето на работниците од УНИТ е можен доколку таа се тргне од лидерската позиција на Здружението.

-Доколку за власта јас сум проблемот, тогаш ќе се тргнам од таа позиција во интерес на работниците, со цел тие да добијат парична издршка, рече Георгиевска.

Инаку, денеска пред партиското седиште во Куманово на протест излегоа досега најголем број на стечајни работници. Тие бараат Владата и оваа група на работници опфатени од УНИТ да бидат обештетени и со тоа да се реши нивната егзистенција. 

 

 

извор: Tелма

 

Leave a Reply

Your email address will not be published.