(Видео) Повеќе катна зграда се урна во Индија

Според локална телевизија, зградата се урнала рано утринава „непосредно пред разденување“. Спасувачите се обидуваат да стигнат до 25 лица, за кои се претпоставува дека останале затрупани под урнатините.
Ова е втор ваков случај во Мумбај годинава. Во јуни се урна трикатна зграда, при што загинаа десет лица.
Уривањето на загради во Индија се честа појава, бидејќи поради големата побарувачка на станови во индиски градови, кои забрзнао се развиваат, но и поради раширената корупција градежните фирми честопати користат неквалитетни материјали или градат повеќе катови од одобреното.
 

Leave a Reply

Your email address will not be published.