,,Повардарие” оди во стечај
Шок за лозарите, винарската визба ,,Повардарие,, од Неготино оди во стечај
Шок и неверување во Тиквешијата по информацијата дека во среда за ВВ ,,Повардарие,, од Неготино најверојатно ќе се објави дека оди во стечај, пренесува порталот Ако.мк. Тогаш е закажано рочиште за отворање стечајна постапка за „Повардарие“, а по која треба да одлучува Основниот суд во Велес. Револтираните лозари велат дека нема да го дозволат тоа и дека ќе ја блокираат сите институции што е потребно.
Тој вели дека со блокада на судот ќе се обидат за момент да го одложат стечајот на винаријата, затоа што неготинскиот поддрум на лозарите им должи околу 5 милиони евра за предадено грозје од годинашниот род. Аризанов потсети и дека сите откупувачи се придржувале кон договореното за дел од грозјето да исплатат пари до Нова година.
Инаку, пред два месеца меѓу лозарите проструи веста дека од страна на фирмата Дејон АС – Велимир увоз извоз ДОО Скопје, била побарана стечајна постапка за неготинскиот подрум, но од ,,Повардарие,, тогаш смируваа дека се работи за фирма кон која винаријата имала мал заостанат долг кој за кратко бил подмирен и се повлекол предлогот за стечај.
Сега оваа најнова вест вистински ги разгневи производителите на грозје кои го предадоа својот род во неготинската винарија. Откако ја слушнаа веста ,веднаш почнаа да се организираат за протести, велат, нема да дозволат да им пропаднат парите кои им ги должи оваа винарска визба.
Од оваа винарска визба неодамна за АКО.мк изјавија дека откупиле далеку повеќе од планираните количини на грозје за оваа година.
На лозарите согласно препораките им исплати 20 проценти од долгот за годинешниот род на лозарите,но остануваат уште речиси 5 милиони евра и 1 милион од реколтата 2015. Дали тоа значи дека лозарите и по трет пат ќе го извлечат подебелиот крај откако им пропаднаа парите на сличен начин во винарските визби Џумајлија и Винеа и дали ВВ Повардарие ќе биде следниот конечен удар врз македонското лозаропроизводство?
Ова прашање логично се поставува, како и тоа кој и зошто е одговорен за ваквите состојби во оваа земјоделска гранка од која егзистираат огромен број семејства од овој регион и зошто секогаш се удира по грбот на земјоделецот.
Извор Ако.мк