Посредникот за името е соросоид?

Според наодите на тимот, Метју Нимиц, долгогодишниот посредник на ОН во спорот за името помеѓу Македонија и Грција, е кадар на т.н. „Сорос школа“, односно е член на бордот на познатиот Џорџ Сорос. Екипата на Брејкинг дојде до материјали од кои јасно се гледа дека тој е дел од тимот на Сорос, во кој, што е уште поскандалозно, членува и припадник на семејството на Сорос, што го потврдува и непотизмот на оваа групација.
Нејасно е како десничарско-конзервативната власт од Македонија, која е дел од преговорите под посредништво на Нимиц последните 7 години, и која е особено чувствителна на соросоидите, не го покренала ова прашање пред ОН и генералниот секретар Бан Ки Мун.
Со ова, по номинирањето на д-р Ѓорѓе Иванов за претседател и ангажирањето на Моника Макавеј за советник за корупција, по трет пат властите во Македонија се соочуваат со сериозни неуспеси во своите активности кога соросоидите се инволвирани во нив.

Leave a Reply

Your email address will not be published.