Политика во образованието…….НЕЕ!!!

Никој не смее и не може да ги спречи средношколците да протестираат освен ако тие не се организираат самите помеѓу себе и ги изразат своите незадоволства што ги имаат од страна на не исполнетите барања од Министерството за образование и наука. Тука не смее да се инволвира ниту една политичка партија,а посебно не партијата на власт ДПМНЕ и опозиционата СДСМ.

Тоа не мора да значи дека треба да се повлечат од протестите и од своите барања од МОН. Напротив,треба да се спротивстават на се што е поврзано со партиите и нивната политика. Позицијата и опозицијата немаат апсолутно право да манипулираат со никој од нив и да ги воведуваат во свои интереси и популистички цели.Учениците се свесни за своите желби и тие самоволно си ги бранат своите интереси. Зошто мора веднаш сите да се служите со напади и обвинувања дека тоа било СДСМ или било кој други..Ако не е иницијативата потегната од ДПМНЕ и ако не е протест на ДПМНЕ тогаш се е погрешно и осудувано.Ако е обратно, па СДСМ ги осудува тие работи.

Јас сум од страната на средношколците кои излегле на протест да си ги бранат своите интереси без никакви вмешувања на СДСМ и ДПМНЕ. Но Вие ,, локалните шерифи’’ од ДПМНЕ зошто не излезете и не разговарате со нив за да најдете заедничко решение и компромис околу нивното незадоволство и проблем што го имаат??? И оваа влада ја обвинувам уште од нејзиното доаѓање прави многу погрешни потези со тоа што внесува и наметнува политика во образованието.Уште од осамостојувањето на Македонија политиката е длабоко навлезена во образованието… (НАЈ ГОЛЕМА ГРЕШКА)…(моја забелешка)

Ние Македонците од едно многу квалитетно и добро образование што некогаш го имавме сега го направивме катастрофално за младата популација! Секој таков потег и секое ширење на политичка пропаганда во образованието од двете страни треба да биде строго казниво со закон,а не школите да ги претварате во ,,штабови’’ кои служат за политичка поделба на младите и користење на истите за пропаганда во одреден период, посебно предизборен.Не се води сметка дека тоа се деца кои што немаат сеуште ниту видено, ниту искусено нешто во животот за да бидат искористени како партиски војници за ваши интереси и цели. Тоа не смее да го прави ниту СДСМ ниту ДПМНЕ.На таков начин се ствара голем раздор помеѓу младите кои всушност и не се свесни за чии и какви интереси ги губат своите младешки денови. Тоа доведува до оној момент кој што на млади години создава омраза,недругарство,непријателство,препукувања помеѓу себе, а да не набројувам уште многу други негативни фактори кои што влијаат во понатамошниот нивен животен развој и определба.Правите непромислени работи и го делите народот на наши и ваши. Двете партии не размислувате за последиците кои можат трајно да се вкоренат во тие млади и чисти души.

П.С. Пак ќе нагласам: ПРОТЕСТОТ НА СРЕДНОШКОЛЦИТЕ ГО ПОДРЖУВАМ ЦЕЛОСНО САМО АКО Е НИВНА САМОСТОЈНА ЖЕЛБА БЕЗ МЕШАЊЕ НА НИТУ ЕДНА ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА. ПОЛИТИКАТА ПОВЕЌЕ НЕ СМЕЕ ДА СИ ИГРА СО НАШЕТО ОБРАЗОВАНИЕ!!!
МАКЕДОНИЈА ВЕЧНА…..!

(Текстот е превземен од Фејсбук профилот на авторот)

Leave a Reply

Your email address will not be published.