Полицијата во соработка со младите – “Стоп за петардите”

Денес во Кавадарци младите можеа директно да се запознаат со можните повреди со кои би се здобиле со употреба на петарди и останати пиротехнички материјали, преку едукативната вежба од страна на полицијата. Покрај нагласувањето на опасноста од користење на паетарди тие исто така ги запознаа младите како тие треба правилно да се употребуваат.
Во ова едукативното сценарио учествуваше и Црвен Крст во соработка со медицинскиот центар покажувајќи им на младите како се третираат повредените во најлошото сценарио од оваа вежба.
Според член 41 од Законот за прекршоци против јавен ред и мир секој кој неовластено употребува пиротехнички средства и на тој начин го нарушува мирот и безбедноста на граѓаните, му се изрекува глоба во износ од 200 до 500 евра во денарска противвредност.
Исто така членот 69 (точка 4) од Законот за заштита од експлозивни материи нагласува дека поединецот кој набавува експлозивни материи заради употреба, без одобрение, ќе му се изрече глоба од 200 до 400 евра во денарска противвредност.
Овие закони нека бидат и поттик повеќе за родителите повеќе да се контролира што децата купуват со парите кои ги добиваат од дома, како заради нивната безбедност и безбедноста на лицата околу нив, така и поради казните со кои може да се соочат.

 

 

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published.