Полицијата со редовни контроли, селекција при казнувањето?

Инспекторите за првенција упатија апел до возачите да ги почитуваат правилата затоа што се најважни за безбедноста на сообраќајот.

Постојано се опоменуваат и казнуваат оние кои ги узурпираат местата каде што е забрането паркирање . Полициски екипи делуваат низ центарот на градот а може да се забележат и на останатите раскрсници од градот.

Обележаните места за инвалидизирани лица, влезовите пред институциите, пешачките премини како и влезовите пред стамбени објекти се места каде не смее да се паркира. Ваквите акции на полицијата се за поздравување но полициските службеници треба да ја земаат во предвид забелешката од кавадаречката јавност дека спроведуваат селекција при казнувањето како и недоволниот паркинг простор кој е сериозен проблем со годините наназад. Локалните “моќници” и покрај прекршоците кои ги прават не се санкционираат а обичниот граѓанин се соочува со репресивни мерки. 

Leave a Reply

Your email address will not be published.