Политички бакалари!

Има ли СДСМ да каже нешто за победата на Сириза, бе, или социјалдемократите мислат дека политичката вест број еден во Европа е обична петарда во однос на нивните бомби!? Или, обратно, мислат дека победата на ултралевата коалиција во Грција може да им даде и на граѓаните на Македонија идеја да се обидат да ги фрлат на буништето на историјата таканаречените естаблишментските партии, мастодонтите што и ебаа мајката и на државата и на општеството и на сите луѓе надвор од нивните тесни кругови!

Просто е неверојатно отсуството на политички сенс, на рефлекс на СДСМ за важните прашања околу кои е неопходно да се изјаснуваат и да се профилираат, оти без тоа ги нема! Одбивањето да се размислува за Европа не е само принципиелен грев туку, истивремено, е и мочка врз провинциските бомби со кои сицијалдемократското лидерство мисли да ја разнесе македонската септичка јама на вмровските глисти!

Колку што можев да забележам, изреагираа Пендаровски и Гордан Георгиев, многу коректно од аспект на своите идеолошки позиции, со доста точно лоцирање на стеснетиот простор за реализација на предизборните ветувања на Сириза во услови на глобалната моќ на капиталот и ограничената моќ на една, сепак, периферна политика, со навестувања за можните и многу веројатни компромиси што грчките победници ќе мора да ги прават или веќе почнале да ги прават, но заклучокот дека победата на радикалната левица ” ја прави уште побезнадежна идејата за подобар свет” (Гордан Георгиев) го претпоставува ставот дека иднината е безнадежна и без победа на радикалната левица што е, всушност централна тема која го наметнува како централно не прашањето за ултрашките опции туку за доминантните леводесни центристички структури кои со клиентелистичката и коруптивна приватизација на јавните ресурси се во основата на безизлезот во кој уживаат како бакалари во Северното море! Не само на Балканот!

(Превземено од Фејсбук профилот на авторот)

Leave a Reply

Your email address will not be published.