Покана за дебата на тема: Кошаркарските терени се за спорт и рекреација на граѓаните а не за узурпација од страна на автошколите

Беа поделени околу 500 флаери кои се јасен индикатор за тоа колку граѓаните особено оние со спортски дух се засегнати и сакаат решавање на овој проблем. 

На дебатата се поканети сите засегнати страни почнувајќи од Советот на град Кавадарци како и сите Советници на град Кавадарци, претставници од авто – школите во градот, претставици на спортските клубови,  спортисти, новинари, граѓански активисти како и претставниците од спортската сала Јасмин. 

Целта на оваа отворена дебата е да се продискутира и да се дадат можни решенија кои се наметнуваат поради недостапноста и делумната руинираност на кошаркарските терени, кое решение би било еднакво добро како за терените и граѓаните така и за авто – школите. 

Здружението Проект-ЕУ ве поканува и вие како граѓани на Кавадарци да присуствувате на оваа отворена дебата за да им ги вратиме терените на младите па и на сите оние кои го одржуваат младиот, спортски дух. 

 

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published.