Поинакви факти поврзани со Нобеловите награди

Едно од правилата е дека само живи луѓе може и смее да се предоложат за Нобелова награда.
Добитниците за Нобелова награда за мир Даг Хамарскјолд (1963) и Ерик КарлФелдт (1931) сепак постхумно се одликувани – бидејќи умреле после кандидирањето.
Но од 1974 година во такви слуачи не се доделува наградата. И покрај тоа, 2011 година една нобелова награда е доделена на мртов човек.
Комитетот своевремено соопштил дека наградата за медицина ја доделил на Ралф Стеинман но не знаел дека тој умрел три дена порано. Во тој случај направен е исклучок и членовит на неговото семејство ја превзеле наградата во Париз.
Четири научници добиле дури по две Нобелови награди. Американецот Џон Бардеен два пати е одликуван во областа на физиката: еднаш за пронаоѓање на транзисторот (1956) а вториот пат за теоријата за суперспроводливост (1972).
Британскиот биохемичар Фредерик Сангер два пати добил Нобелова награда за хемија: 1958 година за анализа на структурата на инсулинот, а 1980 година за методот за одредување на нуклеинската база во ДНК.
Небична е комбинацијата која му успеала на американскиот хемичар Линус Паулингу: 1954 година добил Нобелова награда за хемија, а 1962 година истиот тој бил голем противник на нуклераните проби.
До сега најпознатиот двократен добитник на Нобелова награда е Марија Кири: 1903 година за физика и истражувањето на радиокативноста и 1911 за хемија и отривањето на полониумот и радиумот.
До сега се доделени 44 Нобелови награди на жени, но само 16 пати за некоја од трите научни дисциплини. Во областа на физиката награди добиле две жени, во областа на хемијата – четири, а за допринос во медицината наградени се вкупно 10 жени.
Еден добитник за Нобелова награда за мир – Ле Дук То и еден добитник на награда за книжевност – Жан Пол Сартр одбиле да ја примат наградата. Сартр одбивал секакви јавни признанија, а Ле Дук То одбил да ја прими наградата поради тогашната ситуација во Виетнам.
Такво нешто се нема случено во научните дисциплини.
На германските научници кои работеле за време на владеењето на Хитлер им било забрането да примаат награда. Со таа мерка биле погодени Рихард кухн 1938 година и Адолф Бутенандт 1939 година и двајцата наградени во областа на хемијата, Герхард Домагк (медицина 1939) – тие по завршувањето на Втората светска војна добиле и диплома и медал, но не и паричниот дел од наградата.
Најмногу Нобелови награди во сите три научни дисциплини има САД: 43%. На второ место се Германците а на трето Британците. Во областа на медицината нивните места се обратно.
Просечниот добитник на Нобелова награда во сите шест дисциплини е просечно стар 59 години. Во научните дисциплини тој просек е помлад во хемијата и физиката е 57 години, а во медицината 55 години.
 

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published.