Подземен паркинг за велосипеди во Јапонија

Јапонија е земја позната по генијалните изуми кои ги поместуваат границите на иновативноста. Најновиот во низата е подземниот паркинг за велосипеди, кој, освен што го чува вашиот превоз од кражба, во исто време штеди простор на улиците низ градот.

И додека улиците се претрупани со автомобили и возови, велосипедите се превоз за кој, поради гужвата, се одлучуваат се поголем број луѓе. 

Системот со назив “Eco Cycle” е еколошки систем, кој со помош на робот ги складира велосипедите на длабочина од 11 метри под земја. 

На видеото може да го видете едноставното објаснување како системот функционира.

 

На велосипедот се закачува чип кој ќе го регистрира вашиот велосипед и ќе ви ја отвори вратата на паркиногт. Со притискање на зеленото копче вратите го земаат вашиот велосипед за предната гума и го вовлекуваат во паркиногот, спуштајќи го на едно од слободните места, а вие добивате картичка со број на паркинг местото. 

Кога ќе посакате да го земете вашиот велосипед, картичката се принесува до машината, таа ја регистрира во системот кој автоматски, во рок од 8 секунди ви го враќа возилото.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published.