Подобро е доживеете мозочен удар млади

Колку е пациентот помлад, толку и полесно ќе биде опоравувањето од мозочниот удар. Овој заклучок произлегува од научниот труд на австриските лекари кој беше претставен на светскиот конгрес на неуролози во Виена.

Д-р. Михаел Кнофлах, кој е дел од Медицинскиот Универзитет во Инсбурк, објасни:

„Нашата цел беше да ја анализираме врската помеѓу староста на пациентите и добрите функционални резултати после мозочниот удар, пред сѐ кај младите пациенти, затоа што самите тие до сега биле многу малку застапени во анализите. Мозочниот удар повеќе не е заболување само на постарите старосни групи“.

Според студијата, 14,1 процент од вкупно 43.163 пациенти опфатени во австрискиот регистар за мозочни удари биле помлади од 55 години. Анализата на податоците покажала дека 88,2 проценти од пациентите кои биле помлади од 55 години имале подобро опоравување после мозочниот удар.

Кнофал исто така нагласи:

„Нашите податоци покажуваат дека со растењето на староста, независно од останатите фактори, функционалните резултати стануваат полоши“.

Според Кнофлах, староста на пациентите е значаен фактор за прогнозата на можните последици по мозочниот удар, независно од тежината на истиот, од терапијата, полот или дополнителните компликации.

Најдобри резултати покажала групата на луѓе на возраст помеѓу 18 и 35 години, а вредностите се влошуват за 3 до 4 проценти на секои 10 години старост.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published.