Поддршка за Кежаровски од Медиа центар – Сараево и од СЕЕМО

Потсетувајќи дека Кежаровски во понеделникот почна штрајк со глад, откако два месеци е во притвор, генералниот секретар на СЕЕМО, Оливер Вујовиќ, во реакцијата за притворот на Кежаровски оценува дека случајот има многу негативно влијание врз слободата на медиумите во Македонија.
– Алармантно е тоа што Кежаровски, кој открива лажен сведок во името на јавниот интерес беше уапсен и испратен во притвор за тоа. Тој си ја работел својата работа како новинар, а сега е третиран како криминалец. Новинарите мора да се слободни да истражуваат во име на јавниот интерес ослободени од закани за притворања – вели Вујовиќ.  

Leave a Reply

Your email address will not be published.