Поддршка за министерот Тодоров од партиските здравствени полтрони

Откако само во рок од неколку денови починаа две родилки, новороденче и 14-годишно девојче, јавноста се крена на нозе и секојдневно бара оставка од министерот за здравство Никола Тодоров. Во негова одбрана застана професор доктор Виктор Камиловски, од болницата за хируршки болести „Св. Наум Охридски“, кој побара од лекарите и медицинскот персонал да му дадат поддршка на првиот човек во здравството во неговата работа.

Конкретните напади врз министерот се паушални, но во исто време и навреда за бројниот медицински персонал: доктори, медицински сестри, болничари, здравствена администрација, кои чесно и посветено си ја работат својата работа, која е многу поразлична од другите професии. Да не дозволиме амигдалата,емоциите да ја добијат војната над другите делови од мозокот каде царува разумот. Затоа во овие моменти треба сите здравствени работници да бидеме сплотени и да дадеме максимална поддршка на првиот, еднаков меѓу нас – министерот за здравство, Никола Тодоров, како и на целокупниот негов тим – пишува во писмото Камиловски.

По социјалните мрежи веќе циркулираат информациите за многуте функции што ги добил досега Камиловски од ВМРО-ДПМНЕ, како што се претседател на Совет на општина Аеродором и советник, судски вештак, поранешен директор на Градска болница, член на лекарски комисии, претседател на Комисија за здравство, неколку пати избран за „најдобар“ лекар од Тодоров.

 

Извор ФОКУС

Leave a Reply

Your email address will not be published.