Почина петнаесетмесечно бебе од Кавадарци

Детето до 23 октомври одело во градинка каде е можно да ја добило оваа бактерија

Петнаесетмесечно бебе од Кавадарци починало пред една недела на Клиниката за инфективни болести во Скопје од бактериски менингитис, воспаление на мозочните обвивки. Бебето една недела имало покачена температура и други симптоми на болеста, но освен лекови за намалување на температурата, на време не добило антибиотска терапија, велат упатените лекари, кои тврдат дека ако на детето навреме му бил даден соодветен антибиотик, немало да заврши фатално.

Според податоците до кои дојде Плусинфо, бебето било однесено на матичен лекар на 20 октомври, а родителите го однеле и во Итната помош во Кавадарци. И на двете места добило само антипиретици, лекови за намалување на температурата, и спреј за афти во устата. На 28 октомври во тешка состојба било однесено во болницата во Кавадарци.

Детето кај нас е донесено во тешка општа состојба поради што е задржано само колку да се организира превоз во придружба на лекар и сестра до Клиниката за инфективни болести во СкопјеОрце Ангеловски, директор на болницата во Кавадарци

На прашањето каква терапија му е дадена, тој не дава прецизен одговор, туку вели дека е дадено се што треба и на Клиниката е донесено во релативно добра состојба.

Детето починало два часа по приемот на Инфективна, а земените материјали за анализа покажале дека имало менингитис предизвикан од бактеријата стрептокока пнеумона.

Стапивме во контакт со матичната лекарка на детето од Кавадарци, која на прашањето како е лекувано и дали е дадена антибиотска терапија, рече дека е спротивно на медицинската етика да дава информации на новинарите.

Јас може да разговарам само со Министерството за здравство. На родителите им објаснив каква беше ситуацијата и нема што да разговарам со васлекарката Елица Ресавска Мицева

Таа не одговори ниту на прашањето дали на детето му се направени брисеви од нос и грло кои би можеле да покажат дека било инфицирано со пнеумокок.

Контактиравме и со епидемиолошката служба во Кавадарци, каде овој случај е регистриран.

Не може да ги дадам тие податоци, антибиотик му е даден на детето во болницата во Кавадарци, таму барајте повеќе информации.Ристе Јовановски, епидемиолог од Кавадарци

Детето до 23 октомври одело во градинка каде е можно да ја добило оваа бактерија. Јовановски вели дека во градинката се преземени мерки за дезинфекција, земени се брисеви од другите деца, но како што објасни по телефон не може да даде повеќе информации. Додаде само дека друг случај на менингитис во градинката нема.

Извор Плусинфо

Leave a Reply

Your email address will not be published.