Почина малечката Тамара од Велес. Уште еднаш, надлежните задоцнија!

Документите за малата Тамара Димовска здравствените власти ги побарале утрово само неколку часа откако почина 9-годишното девојче, пренесува НОВАТВ. Срцето на девојчето не го издржа притисокот на искривениот рбет врз градниот кош. Семејството е во шок и неверување.

„Синока си легна доцна, ми рече „мамо лошо ми е “. Ј а болеше срцето, како и многу пати до сега ја масиравме. Градниот кош и кривината на рбетот ја притискаа на срцето, не можеше да дише. Утринава во 6 часот итно ја однесовме во болница, ја реанимираа, но безуспешно, ќерка ми почина“, со солзи и неверување раскажува Жаклина Димовска, мајаката на малата Тамара.

Состојбата на малата Тамара почна да се влошува, а Фондот и Министерството за здравство ја одолговлекуваа процедурата за нејзина операција. Институциите не можеа да се договорат дали и каде ќе се лекува деветгодишната Тамара , која имаше тежок деформитет на рбетниот столб.

Министерството, Фондот за здравство и Комисијата во Фондот излегуваа со контрадикторни информации. Последната информација беше дека биле на разговор во Фондот за здравство и дека чекаат да се врати лекарот од САД што им го препорачале надлежните. Дури потоа да почне процесот на закажување на операцијата и лекувањето.

„Дури после 8-ми февруари ќе знам повеќе детали“, изјави за НОВА на 25 јануари мајката на Тамара, Жаклина.

Тамара не го дочека тој ден, почина ноќта меѓу 8-ми и 9-ти февруари во својата чекајќи „чичковците“ од фондот и Министерството да се договорат каде и како ќе лекува девојчето.

Извор НОВАТВ

Leave a Reply

Your email address will not be published.