Побрзо полнење на вашиот телефон

Пред се, мора да ви кажеме дека не постои некоја тајна формула која ќе го забрза полнењето на вашиот телефон. Сепак, за вас имаме неколку совети и мали трикови кои ќе ви помогнат.

 

Изгасете го

Ако сакате телефонот да се наполни побрзо, тогаш едноставно изгасете го доколку имате можност. Со тоа, логиката вели дека нема да троши воопшто батерија за работа, а истовремено ќе се полни. Доколку пак не сакате целонсо да го изгасите уредот, тогаш можете да го ставите во Airplane mode (во вашето Settings мени), со што телефонот ќе прекине да ги користи мобилните мрежи, 3G интернетот и Wi-Fi-то. Финално, ако не ви се допаѓа ниту ова, пробајте да не го користите додека се полни.

 

Полнете го преку штеќер, а не преку USB

Вашиот телефон побрзо ќе се наполни преку полначот што добивате со него, отколку преку USB порт. Производителите потенцираат дека полнењето преку „ѕид“ (wall outlet) е драстично побрзо отколку користењето само на USB кабел.


Немојте да го загревате

Дали знаете дека телефоните постпор се полнат додека се вжештени? Логиката овде е дека животот на батеријата се деградира на потопли температури, односно побрзо се троши. Со тоа, и самото полнење ќе биде поспоро. Apple, на пример, советува телефонот да не се чува на сонце или пак во вжештена кола. Официјалните совети се да ги чувате телефоните на собна температура, идеално при 22 степени.


Забрзајте го полнењето преку USB

Доколку едноставно морате да го полните телефонот преку USB порт, тогаш имаме неколку мали трикови за вас. Пред се, немојте да го синхронизирате телефонот додека се полни, бидејќи тој процес го успорува полнењето.
Потоа, не дозволувајте компјутерот да отиде во stand-by или хибернација, бидејќи со тоа ќе се запре процесот на полнење во одредени случаи. Финално, препорачливо е да ги тргнете останатите USB уреди, бидејќи со тоа ќе се ослободи простор и струја за полнење на вашиот телефон.
 

Leave a Reply

Your email address will not be published.