Писмото на Самарас до Груевски

Суштината според Самарас не е во создавањето дополнителни преговарачи, туку во демонстрирањето вистинска обврска и волја да се најде решение. Во одговорот грчкиот премиер вели дека за процесот во Обединетите Нации под палката на медијаторот Метју Нимиц му имаат дадено целосен мандат на нивниот преговарач Адамантиос Василакис со цел да се најде решение:

-Не гледам, искрено, дополнителна вредност во реирање дополнителен механизам покрај преговарачките тимови кои веќе постојат. Решението нема да дојде преку одредување дополнителни преговарачки кои ќе имаат, како што велите, политички мандат, пишува Самарас.

Самарас понатаму пишува дека македонската влада во суштина не одговорила на предлог- Меморандумот за соработка кој го испрати поранешниот шеф на дипломатијата Димитрис Аврамопулос и предлага Груевски одново да размисли за таа грчка иницијатива за раздвижување на спорот.

Главното прашање кое според Самарас треба да се одговори е дали постои вистинска или само вештачка обврска кон процесот за решавање на името кој трае две децении. Според Самарас, ако и двете инволвирани страни покажеле до сега иста желба, волја и одлучност, спорот до сега ќе бил решен.

Според него потребно е вистинско решение, а не половични мерки. Грчкиот премиер одговара и на обвинувањата за вината на Грција во спорот:

-Осумнаесет години г-дине Премиере се многу долг период за некој да го припише овој проблем само на каприците на една држава, како што Вие ги толкувате работите, пишува Самарас.

Според грчкиот премиер средба со Груевски која не би била проследена со вистинска политичка волја и обврски би била само средба за фотографирање:

-Мојата држава, Влада и јас лично сметаме дека нашите билатерални врски вредат повеќе од тоа. Она што се слуша од Вашата држава и самиот Вас, особено последните 2 години е реторика и дела кои не само што поставуваат пречки во разбирањето меѓу двете страни, туку и сериозно го вртат Вашиот народ против Грција. 

Самарас во писмото вели дека Грција останува посветена на Солунската агенда и ја поддржува евроинтеграцијата на државите од Западен Балкан.

Грчкиот премиер на крај вели дека решавањето на спорот ќе им биде од корист и на двете држави, додавајќи дека ако не се реши спорот билатералните односи нема да го достигнат посакуваното ниво, а народите нема да успеат да имаат корист од нормализацијата на односите. 

Leave a Reply

Your email address will not be published.