Писмо од револтирани дипломирани студенти на воената академија
По претходно изгласан предлог за рестартирање на Воената Академија во 2009 година, потенцирана е и потребата за произведување обучени стручни лица во областа на кризниот менаџмент, заштита и спасувањето.
Со претходно потпишана билатерална соработка на институциите ЦУК и ДЗС во почетокот на 2009 година до јули 2013 година во гореспоменатите насоки дипломираа вкупно 8 студенти со што истите се стекнаа со стручен назив: „Дипломиран менаџер за одбранбено-безбедносни ресурси, кризен менаџмент , заштита и спасување“, кои се планирани за потребите на кризниот менаџмент (ЦУК – Центар за Управување со Кризи), и заштита и спасување (ДЗС – Дирекција за Заштита и Спасување).
Врз основа на член 116 од Законикот за високото образование („Службен весник на Република Македонија“, бр 35/08, 103/08 и 26/09), член 18 од Законикот за Воена академија („Службен весник на Република Македонија“,бр. 83/09) и член 34 од Статутот на Воената академија „Генерал Михаило апостолски“ – Скопје, истите се произведени а не се повикани да стапат во работен однос во институциите ЦУК и ДЗС.
При потпишувањето на билатералната соработка на ЦУК и ДЗС со Воената Академија, потенцирано е школување на кадри за потребите на ЦУК и ДЗС кои по нивното дипломирање треба да се вработат во истите.
Ветено но не и остварено е суровата реалнос, која ја доживуваме, неправедно и нерационално искорисување на стручно произведените кадри за потребите на ЦУК и ДЗС, кое според нас дипломираните студенти е крајно апусрно и недржавно.
Свесно и тревезно пристапуваме кон идеалите за поуспешна и по просперитетна иднина на нашата мила татковина, Република Македонија.
Со почит,
Дипломираните студенти од Воена Академија 2009/2013, за потребите на ЦУК и ДЗС
Извор ФАКУЛТЕТИ