Писмо до Миленко Неделковски и неговото неспособно друштвенце

Измина, безмалку декада откако ДПМНЕ е на власт, а јас и понатаму тврдам дека Македонија нема поголеми непријатели од македонскиот „патриотизам“ и македонците „патриоти“

 

Како го објаснувам ова погоре? Низ примери, се разбира. Миленко Неделковски, самодеклариран „патриота“, во дест точки (потточки?), парадоксално ја објаснува конфузната состојба на духот, денес 2014. година (Вечер, Албанизација и егеизација, 11 август), објаснувајќи ги влијанијата кои повеќе од очигледно се’ живи и ден денес, тука, во Македонија, исто како во времето на лудиот и неурамнотежен владетел, Слободан Милошевиќ.

Владата на Груевски и неговото „мнозинство“ заедно со забеганиот патриотизам се’ повеќе и отворено „го шири газот“ како би се вмешала буквално во сите работи кои се од општествена важност, како еден вид „луд контролор“ кој во догледно време се’ би преземал. А, сега (да оставиме настрана што Миленко Недeлковски сака од Здружението на граѓани ПРОЕКТ-ЕУ од Кавадарци?), да видиме всушност, што навистина „патриотите“ сакаат? Која е нивната идеологија? Каков е нивниот програм?

 

Колку и да се труди човек да проникне во мистиката на „патриотизмот“, никако не успева да проникне во галиматијасот, а оттука да пронајде и И од идеологија. Нема идеологија, а нема ниту идеја што да се прави со Власта. Како да се уреди Македонија. Другиот сегмент кој е карактеристичен за македонскиот „патриотизам“ е нивната инфериорност и комплекс на пониска вредност која се компензира низ дрскост, агресија и делузии на големина. Иако немаат идеологија, како ниту идеја, неспособното друштвенце Миленко, Јанко, Мирка и останата „патриотска болумента“, здружени под ист чадор на „патриотизам“, има интерес да растурат се’ она што се коси со таканаречениот „државен интерес“.

 

Оттука, да бидеме чесни до крај – се работи за конфедерација на амбициозни медиумски медиокритети, пропалици и неспосоњаковиќи кои везден повикуваат – Да живее Македонија, додавајќи „гас на педалото“ како би можела нашата земја ТРАЈНО да се зациментира во Ориентален дремеж, отапеност, сиромаштија и темелна неинформираност, оти само во таков амбиент битангите ќе можат да ги задржат своите лукративни позиции кои ги узурпирале.

 

Оваа наметната и свесно создадена отапеност нема никаква врска со конзервативизам, уште помалу со некаква десница; овде се работи за најбедна манипулација со човечките чувства и страсти. Се работи за безочно лажење на популацијата која е без демократска традиција. Ваков Ориентален патриотизам, заснован на создавање на непријатели, создавање раскол каде го нема, порано или подоцна ќе заврши во насилие.

 

Крајно време е, ДПМНЕ-овската „елита“, на своите медиумски пропалитети им нареди да баталат популизам, да ги баталат евтините манипулации наменети за најниските човечки пориви и страсти на масите, и да го баталат, исто така и’ прагматичниот кукавичлук!

 

На крајот од ова писание, би го „злоупотребил“ просторот со една лекција до Миленко Неделковски и неговото фолклорно друштванце.


Миленко, сердаре,
Ништо во оваа држава не треба да се забранува! Ама на сите видови популизам мора да и се скрати државната поддршка! Само Високата Култура е во состојба да го дефинира и одржува Националниот стил! Лажниот патриотизам, ниските страсти со кои низ годиниве си играте во медиумскиот простор како разулавени деца, манипулирате дури и со концептот „Нација“ која ја Апсолутизирате како врвна вредност, сосема е сигурно дека ќе отиде во пропаст.
На крајот на краиштата, прашај ја тетка ти Мирка Миленко, онака, фер, без издркавање и просеравање, ако има и грам надеж за тебе – ќе ти каже кој е во право. Освен ако и двајцата, или тројцата, или колку и да сте тамо, во апаратот – можеби сте непоправливи манипулатори на кои, ми се чини, дека надеж им нема?! А за сирењето Миленко, што во с. Ваташа го продаваш, можеби би можеле да се договориме; ако пак, оваа материја ти е туѓа/непојмива/нестварна/нереална – ете, јавно ти велам! – ќе ти купам канта сирење, ти ветувам.

Leave a Reply

Your email address will not be published.