Пишман арамии, се обиделе да ограбат полицаец во Кавадарци

Според информациите на Дневник од луѓе кои живеат во близина, кога полицаецот се вратил дома затекнал двајца крадци по што следувала борба со нив. Едниот успеал да го фати а другиот побегнал. Фатениот крадец го открил идентитетот на неговиот другар по крадење па така и тој бил фатен во Прилеп.

Информацијата дека синоќа има пријавено настан провална кражба во стан ја потврди Анита Стојковска, портпарол на СВР Велес.

-Во врска со настанот имаме две лица осомничени кои се приведени во полициски станици и се работи на целосно расветлување на настанот. Откако целосно ќе го документираме и ќе поднесеме соодветен поднесок, ќе следи и дополнително известување-вели Стојковска. 

Leave a Reply

Your email address will not be published.