PhoneSoap: Полнач кој го чисти вашиот телефон

Компанијата PhoneSoap е започната од двајца млади американци, кои додека правеле истражувања се изненадиле колку всушност бактерии носат нашите телефони. За таа цел, тие создале специјален полнач, кој исто така го чисти и дезинфицира вашиот телефон со помош на UV светлина. Цената на уредот е 59,99 долари и креаторите тврдат дека дезинфицира до 99,9% од познатите бактерии.
Според нив, најголемите причини за нечистотијата е користењето на телефонот во тоалет, како и давање на истиот на други луѓе. Покрај полначот, тие нудат и микрофибер крпа по цена од 5 долари и посебно средство за чистење на екранот по цена од 15 долари.

Leave a Reply

Your email address will not be published.