СЕКОЈА ЧЕСТ: Историски петчасовен тв дуел меѓу Китев и Јанчев!

Кавадарци и кавадарчани уживаа во тв дуел кој го приредија кандидатите за градоначалници

Синоќа на телевизија КТВ се случи вистинско чудо, тв дуел каков што не памети ова поднебје. Цели пет часа траеше дебатата помеѓу кандидатите за градоначалник на општина Кавадарци, Митко Јанчев од ВМРО-ДПМНЕ и Бетиане Китев од СДСМ.

Целокупната кавадаречка јавност го поздравува овој настан, честитки до двајцата кандидати за исцрпните одговори кои беа резултат на големиот број прашања кои постојано пристигнуваа на нивна адреса од страна на граѓаните од општина Кавадарци преку социјалните мрежи. Водителот а воедно и модератор на оваа дебата исто така беше на ниво.

Како што најави еден од кандидатите веќе наредната недела следуваат уште два тв дуели меѓу Китев и Јанчев.