Пет чекори за брзо пакување

За комплетно уживање и со себе да понесете се’ што ви треба кога сте на пат, ове се пет совети за брзо и паметно пакување.
Направете список
Ова правило може да изгледа несериозно, но правењето на список навистина помага во пакувањето. На овој начин ќе имате детаљен увид за тоа што ви треба, ќе имате доволно време да го купите она што ви недостасува, а со “штиклирање“ или прецртување секој може да биде сигурен дека се’ понел со себе.
Козметиката во посебна торбичка
Со пакување на козметиката во посебна торбичка може да се спречи, на пример, некое шише со парфем или тегличка со крем да се скрши и да се разлее по работите во “главната“ торба. Исто така, на попатните запирања, многу е полесно да се извади само малата торбичка со козметика (за да се освежите), отколку да се “копа“ по големата торба за да се најдат потребните работи.
Испланирајте комбинации на облекувањето
Облеката е најголемиот дел од багажот. Меѓутоа, ако испланирате неколку комбинации во облекувањето и ставите некои работи кои може да се носат на повеќе начини, веќе сте заштедиле на просторот. На пример, фармерките за вообичани прилики може да се комбинираат со памучни маици, додека за навечер, во комбинација со кошула и сако, може да делуваат елегантно.
Удобни и издржливи чевли
Шансите дека ќе пешачите во текот на патувањето се големи. Затоа, на дамите им се препорачуваат балетанки во кои шетањето е пријатно, а може да се носат и со поелегантни комбинации. Високите штикли за на пат, воопшто не се функционални.
Една патна торба
Освен торбичката за козметика, се препорачува само уште една, макар и поголема патна торба или куфер. Додека ќе се пробивате низ аеродромот или на автобуската и железничката станица, ќе ви биде многу полесно со една голема торба, отколку со три-четири помали торби или кеси.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published.